Volkswagen информира дека голем број на Volkswagen ID. моделите произведени во Кина
се увезени на европските пазари преку неофицијални канали.
И покрај неточните тврдења направени од неовластени препродавачи, тие Volkswagen
ID. модели не доаѓаат со меѓународна гаранција. Дополнително, сите барања за сервис
и одржување, вклучувајќи гаранција и добра волја, не можат да бидат преземени од
овластени дилери или кој било Volkswagen сервисен партнер. Понатаму, Volkswagen и
соодветниот импортер не можат да им обезбедат на клиентите оригинални делови на
Volkswagen за модели кои се продаваат исклучиво во Кина како Volkswagen ID.6.
Клиентите кои избираат да купуваат преку овие неофицијални канали треба да го
сторат тоа знаејќи дека покрај недостатокот на сервисирање, гаранција и снабдување
со резервни делови, возилата доаѓаат со софтверска верзија наменета за друг пазар.
Слично на гаранцијата и сервисирањето, ова не може да биде поддржано од дилерите на
Volkswagen. Покрај тоа, оние неовластени увезени Volkswagen ID. модели се направени
само за условите на кинескиот пазар. Така, тие не се хомологирани за други пазари и
приспособени на специфичните пазарни барања и немаат одобрение за европски тип и
сертификат за сообразност (CoC).
Volkswagen и официјалниот импортер остануваат посветени на клиентите и затоа силно
ги охрабруваме клиентите да покажат најголема претпазливост и повторно да размислат
за купување на Volkswagen ID модел преку неофицијални канали. На клиентите им
препорачуваме да ги посетат овластените дилери за да ја истражат најновата палета
на достапни производи на Volkswagen кои се официјално пуштени во продажба на
конкретниот пазар и доаѓаат со утврдената гаранција и сервисна поддршка. Volkswagen
и овластениот увозник со задоволство ќе договорат контакт со овластените партнери.