Надградба на е-планерот на рути на навигацискиот систем

Со ID. софтверот 3.1, вашето возило ги добива следните подобрувања:

     

·  Премостување на нивото на наполнетост (State of Charge ("SOC")): врз основа на активното планирање на рутата, горната граница за полнење поставена во менито за полнење може да се премости со навигацијата

·  Преработена функција за филтрирање на станиците за полнење на мапата: се прикажуваат само станиците за полнење што го исполнуваат критериумот за филтрирање (во досегашната верзија, станиците за полнење што не го исполнуваат критериумот се прикажуваа и беа засивени)

·  Понатамошно подобрување на сигурноста на функцијата

·  Во поставувањата за автоматски паузи за полнење, опцијата "вообичаени начини на плаќање" повеќе не е достапна

Навигацискиот систем со е-планерот на рути на ID. семејството автоматски ги планира потребните паузи за полнење на навигациската рута и истите автоматски ги приспособува доколку е потребно.

 

Функцијата е дел од навигацијата. Таа е достапна во опционалниот пакет за инфо-забава.

 

Предуслови

 ·  Валиден We Connect Plus договор и Volkswagen ID корисничка сметка за онлајн делови на навигацијата

 ·  Активирани податоци за локација и активирани "Лични податоци (онлајн режим)" во поставувањата за приватност

За да ги користите услугите на We Connect, потребен ви е кориснички налог на Volkswagen ID и мора да се пријавите на We Connect со корисничко име и лозинка. Понатаму, треба да се склучи посебен договор We Connect или We Connect Plus со Volkswagen AG онлајн. За We Connect Plus, имате 90 дена од предавањето на возилото за да го регистрирате возилото на www.portal.volkswagen-we.com и да ги користите услугите целото времетраење на договорениот бесплатен период.
Користењето на мобилните онлајн-услуги на We Connect е овозможено преку интегрирана интернет-врска. Трошоците за податоци кои се направени во рамките на Европа се на товар на Volkswagen AG во рамките на мрежно покривање, со исклучок на услугите "Стриминг и интернет", како и поединечни In-Car Apps на Volkswagen AG.

За да ја користите бесплатната апликација We Connect, потребен ви е паметен телефон со соодветен iOS или Android оперативен систем и SIM картичка со опција за податоци со постоечки или посебен договор за мобилен телефон помеѓу вас и вашиот мобилен оператор. 
Достапноста на поединечните услуги на We Connect и We Connect Plus, опишани во пакетите, може да се разликува според државата и зависи од возилото како и од опремата. Услугите се достапни за договорениот рок на траење на договорот и може да подлежат на промени на содржината во рокот на траење на договорот. Повеќе информации можете да најдете на www.portal.volkswagen-we.com и кај вашиот партнер на Volkswagen. За информации во врска со условите за тарифата за мобилен телефон, контактирајте со вашиот мобилен оператор.

Затвори
Мени
Затвори мени
Затвори

ID. Software 3.1 Update

ID. Software 3.1 Update

Hoppla!
Ihr Browser scheint nicht aktuell zu sein. Eventuell funktioniert unsere Webseite nicht optimal. Die meisten Browser (nicht jedoch MS Internet Explorer 11 & älter) funktionieren dennoch problemlos.

Wir empfehlen Ihnen ein Update Ihres Webbrowsers!
Die jeweils neueste Version kann überall im Internet ein gutes Erlebnis sicherstellen.

Danke für Ihren Besuch und viel Spaß,
Вашиот Volkswagen Team