Со новиот софтвер, опционалниот Head-up дисплеј за проширена реалност (Augmented Reality - AR) е надграден за да вклучи анимација за поздравување. Покрај тоа, има дополнителни подобрувања во сигурноста и стабилноста на функцијата.
AR Head-up дисплејот е достапен во опционалниот пакет за инфо-забава "Plus".
Обемот на функциите зависи од различните опционални дополнителни опреми, како што
се: Travel Assist со збирни податоци и потпомогнато менување коловозна лента,
навигациски систем и автоматска контрола на растојанието ACC.
Опционалниот Head-up дисплеј со проширена реалност може да проектира важни информации директно во видното поле на предното стакло. Со технологијата на проширена реалност, навигацијата ја гледате на коловозот токму на она место каде што мора да возите или да свртите. На тој начин, порелаксирано пристигнувате до целта.
1.
За да ги користите услугите на We Connect, потребен ви е кориснички налог на
Volkswagen ID и мора да се пријавите на We Connect со корисничко име и лозинка.
Понатаму, треба да се склучи посебен договор We Connect или We Connect Plus со
Volkswagen AG онлајн. За We Connect Plus, имате 90 дена од предавањето на возилото
за да го регистрирате возилото на www.portal.volkswagen-we.com и да ги користите
услугите целото времетраење на договорениот бесплатен период.
Користењето на мобилните онлајн-услуги на We Connect е овозможено преку интегрирана
интернет-врска. Трошоците за податоци кои се направени во рамките на Европа се на
товар на Volkswagen AG во рамките на мрежно покривање, со исклучок на услугите
"Стриминг и интернет", како и поединечни In-Car Apps на Volkswagen AG.
За да ја користите бесплатната апликација We Connect, потребен ви е паметен телефон
со соодветен iOS или Android оперативен систем и SIM картичка со опција за податоци
со постоечки или посебен договор за мобилен телефон помеѓу вас и вашиот мобилен
оператор.
Достапноста на поединечните услуги на We Connect и We Connect Plus, опишани во
пакетите, може да се разликува според државата и зависи од возилото како и од
опремата. Услугите се достапни за договорениот рок на траење на договорот и може да
подлежат на промени на содржината во рокот на траење на договорот. Повеќе
информации можете да најдете на www.portal.volkswagen-we.com и кај вашиот партнер
на Volkswagen. За информации во врска со условите за тарифата за мобилен телефон,
контактирајте со вашиот мобилен оператор.