Во комбинација со договор за струја за возење, се креира сертификат за договор. Во
апликацијата Volkswagen стигнува известување дека е достапен сертификат за договор,
кој потоа може да се инсталира во возилото преку апликацијата Volkswagen.
Постои можност во апликацијата да се управува со повеќе сертификати за договори на
снабдувачи на струја за возење - но во возилото може во даден момент да биде
инсталиран само еден сертификат за договор.
Активирањето на Plug & Charge се врши автоматски откако сертификатот за договор ќе се инсталира во возилото.
Главниот корисник може да го деактивира односно активира Plug & Charge во возилото. Гостинскиот корисник може само да го деактивира Plug & Charge во возилото, но не и да го активира.
Предуслови·
· Договор за струја за возење што поддржува Plug & Charge
· Договор за струја за возење инсталиран во возилото со апликацијата Volkswagen и валиден We Connect договор
· Станици за полнење компатибилни со Plug & Charge на оператор на станици за полнење според ISO 15118-2, кои се покриени со договорот за струја за возење
· Активирани податоци за локација во приватните поставувања
За да ги користите услугите на We Connect, потребен ви е кориснички налог на
Volkswagen ID и мора да се пријавите на We Connect со корисничко име и лозинка.
Понатаму, треба да се склучи посебен договор We Connect или We Connect Plus со
Volkswagen AG онлајн. За We Connect Plus, имате 90 дена од предавањето на возилото
за да го регистрирате возилото на www.portal.volkswagen-we.com и да ги користите
услугите целото времетраење на договорениот бесплатен период.
Користењето на мобилните онлајн-услуги на We Connect е овозможено преку интегрирана
интернет-врска. Трошоците за податоци кои се направени во рамките на Европа се на
товар на Volkswagen AG во рамките на мрежно покривање, со исклучок на услугите
"Стриминг и интернет", како и поединечни In-Car Apps на Volkswagen AG.
За да ја користите бесплатната апликација We Connect, потребен ви е паметен телефон
со соодветен iOS или Android оперативен систем и SIM картичка со опција за податоци
со постоечки или посебен договор за мобилен телефон помеѓу вас и вашиот мобилен
оператор.
Достапноста на поединечните услуги на We Connect и We Connect Plus, опишани во
пакетите, може да се разликува според државата и зависи од возилото како и од
опремата. Услугите се достапни за договорениот рок на траење на договорот и може да
подлежат на промени на содржината во рокот на траење на договорот. Повеќе
информации можете да најдете на www.portal.volkswagen-we.com и кај вашиот партнер
на Volkswagen. За информации во врска со условите за тарифата за мобилен телефон,
контактирајте со вашиот мобилен оператор.