Новото ID.4 размислува заедно со вас. Светлечки пример: стилските IQ.LIGHT - LED-Matrix фарови кои може да се добијат по желба. Тие светат за време на возењето благодарение на динамичното регулирање на долгото светло, без да заслепат други учесници во сообраќајот.1)Доколку се приближите до вашето возило, фаровите кратко светнуваат како да ви намигнуваат и притоа ID.4 може да изгледа човечки.2)
Со опционалниот "Travel Assist" во возилото имате извонредно корисен систем за помош при возење. Затоа што со притискање на копче тој се грижи за комфор при возењето1,2) на највисоко ниво, со тоа што ви помага во монотони и изморувачки возни ситуации. "Travel Assist" за Вас може да ги одржи коловозната лента и брзината и притоа во предвид да го земе растојанието до сообраќајот пред Вас, особено на автопат и на добро изградени рурални патишта. Возете опуштено во застој и Stop-and-go сообраќај.
Опционалното автоматско регулирање на брзината ACC "stop & go" ви помага да ја одржувате претходно поставената максимална брзина, како и растојание до возилото пред вас. Заедно со опционален навигациски систем, ACC се дополнува со предвидливо регулирање на брзината и систем за помош на кривини. Притоа ќе имате помош да избегнете пречекорувања на брзината, со тоа што ќе се преземат официјални ограничувања на брзината.1) Покрај тоа, со помош на податоците за патот од навигацијата, системот може да ја прилагоди сопствената брзина на возилото на кривини, крстосници (свртувања) и кружни токови.
1) Во рамките на границите на системот.
2) Возачот мора да биде подготвен во секое време да го надвладее системот за помош и не е ослободен од неговата одговорност внимателно да го управува возилото.
1) Im Rahmen der Grenzen des Systems. Der Fahrer muss jederzeit bereit sein, das Assistenzsystem zu übersteuern und wird nicht von seiner Verantwortung entbunden, das Fahrzeug umsichtig zu fahren. 2) In Verbindung mit dem optionalen schlüssellosen Schließ- und Startsystem "Keyless Advanced" 3) bis maximal 210 km/h