Мобилна гаранција
Volkswagen мобилната гаранција автоматски започнува со продажбата на ново возило и се обновува со редовно одржување на возилото во овластената сервисна мрежа.
Во случај на дефект, мобилната гаранција можете да ја активирате на следните
телефонски броеви
За повик од Македонија
0800 55 888
За повик од странство*
+ 389 2 26 00 266
Услугата мобилна гаранција нуди:
• Помош на лице место
• Превоз на патниците и возилото до најблискиот овластен сервис
• Обезбедување на заменско возило
• Обезбедување услови за продолжување на патувањето со друг вид на превозно
средство (автобус, воз…)
• Сместување на патниците во хотел
Напомена:
• Мобилната гаранција не ги покрива трошоците за поправка на возилото
• За најсоодветниот начин на помош одлучува дилерот
• Правото на мобилна гаранција се докажува со заверена сервисна книшка
• Се применува важечкото ограничување на обемот на бесплатните услуги
24 часа дневно, седум дена неделно 365 дена годишно на територија на цела
Европа**
* се применува важечката цена на повикот
** освен Албанија и Турција