Како функционира
Сакате безбедно и удобно да ги користите апликациите за паметен телефон во возилото? Благодарение на App-Connect, тоа е полесно од кога било. Тој ви овозможува да користите избрани апликации и содржини удобно и директно во вашиот Volkswagen. Тие се префрлаат на екранот на инфо-забавниот систем преку кабел и можат да се користат удобно и прегледно во вашето видно поле. Така на пример, можете лесно да пристапите до музика, вести, мапи или аудио книги. Volkswagen нуди во исто време три интерфејси за поврзување на паметни телефони со бројни опции: Apple CarPlay™, Android Auto™ на Google и MirrorLink®. Користењето на Apple CarPlay™ и Android Auto™ на Google™ сега е особено погодно за возилата подготвени за We Connect благодарение на опцијата за безжично поврзување за системите за навигација "Discover Media" и "Discover Pro", како и за "Ready 2 Discover". За да избегнете одвлекување на вниманието, само овластените апликации можат да се стартуваат додека возите.
Вашите опции за поврзување со App-Connect
Apple CarPlay™
Со CarPlay™ на Apple управувајте со избрани апликации од вашиот iPhone додека возите. За возилата подготвени за We Connect сега и безжично.
Android Auto™
Со Android Auto™ на Google™ користете соодветни апликации од вашиот паметен телефон
безбедно додека возите. За возилата подготвени за We Connect сега и безжично.
MirrorLink®
Со MirrorLink® повеќе не мора да се одрекувате од практични апликации зад воланот.