Спортско-елегантните coupe возила на volkswagen фасцинираат уште на прв поглед. Сеедно од која перспектива: модерните облици во стилските возила зрачат во очите на набљудувачот. Тие, со својата елегантна изведба на линиите, восхитувачкиот заден дел и истакнатиот карактер, секогаш имаат самоуверен настап.
Beetle
Сега е моментот
Оригиналот што остана верен на својата фигура, се појавува со досега најспортски карактер. Навистина впечатлив, тој со своите можности се приспособува на неговите возачи, но не и на пошироките маси. Бројните измени во деталите го зголемуваат нивото на спортската индивидуалност.
Новиот Arteon
Врвна динамика и врвен дизајн
Во што е тајната на неговата привлечност? Во новиот Arteon се обединуваат сите дизајнерски елементи на класичниот спортски автомобил со елеганцијата и просторноста на фастбек. Тој е најавангардниот Gran Turismo во бизнис класата, којшто во иста мера ги допира и срцето и разумот. Со неговиот експресивен дизајн, тој одушевува уште при првиот поглед, а потоа и изненадува со неговите практични одлики и зачудувачки големиот простор − нешто што го одвојува од неговата класа. Спортското Coupe (должина 4862 mm, ширина 1871 mm, висина 1450 mm) има долго меѓуоскино растојание (2837 mm) и меѓу другото одушевува со рамната каросерија, обемната хауба и страничните прозорци без рамки.