Мени
Затвори мени
Затвори

Регистрирајте се еднаш, добијте многу.

Регистрирајте се еднаш, добијте многу.

"Секој јунак има помошник. А со услугите на We Connect ги имате еден куп. Откријте кои услуги се најпогодни за вашиот секојдневен живот и кои услови мора да бидат исполнети. Тука имате краток преглед на сите услуги и опции.

Достапноста на услугите опишани во пакетите We Connect и We Connect Plus може да варира по земја и зависи од моделот, годината на моделот и опремата на возилото. Повеќе информации за достапните услуги ќе најдете во Подрачјето за клиенти myVolkswagen или во апликација We Connect."

Основни функции

Основните функции, како што се Услугата за итен повик и законски пропишаниот Систем за итен повик eCall, ви се достапни без да склучите посебен договор за We Connect. Ако сакате да пренесете избрани персонализирани функции од едно возило до друго, потребен ви е Discover Media или Discover Pro. Освен тоа потребен ви е кориснички налог на Volkswagen ID и мора да се пријавите на We Connect со корисничко име и лозинка.

We Connect

Вашето влегување во дигиталните услуги на Volkswagen и директната врска со вашето возило: со We Connect, вашиот Volkswagen е подготвен за поврзување. После еднократното активирање, можете бесплатно да ги користите бројните корисни и иновативни онлајн-услуги.

За користење на овие бесплатни услуги, мора да се склучи посебен договор за We Connect со Volkswagen AG онлајн.

Услуга Активирање тех. услови
Повик за дефект We Connect Серија
Статус на возило We Connect Серија
Врати и светла We Connect Серија
Автоматско пријавување незгоди We Connect Серија
Извештај за состојбата на возилото We Connect Серија
Патни податоци We Connect Серија
Паркинг позиција We Connect Серија
Закажување сервис We Connect Серија

We Connect Plus

Целиот свет на дигиталните услуги од Volkswagen го носи поврзувањето на ново ниво: Со вашата Volkswagen ID и активирањето на "We Connect Plus", на располагање ви се дополнителни паметни функции од интелигентна навигација, со информации во реално време, преку стриминг на медиа и интернет радио, до користење на вашиот паметен телефон како далечински управувач. За поголема удобност и забава.

За користење на овие услуги, мора да се склучи посебен договор за We Connect Plus со Volkswagen AG онлајн. За We Connect Plus, имате 90 дена од предавањето на возилото за да го регистрирате возилото на www.myvolkswagen.net или со апликацијата "Volkswagen We Connect" (достапна во App Store и Google Play Store) и да ги користите услугите за целото времетраење на договорениот бесплатен период.

Услуга Категорија Активирање Технички услови
Предупредување за подрачје Функции на возилото We Connect Plus
Предупредување за брзина Функции на возилото We Connect Plus
Сирена и трепкачи Функции на возилото We Connect Plus
Онлајн аларм против кражба Функции на возилото We Connect Plus Аларм против кражба
Онлајн помошна вентилација Функции на возилото We Connect Plus За новиот Golf, достапен само за избрани мотори, потребен е доволен капацитет на акумулаторот
Онлајн греење во место Функции на возилото We Connect Plus Греење во мирување
Заклучување и отклучување 1) Функции на возилото We Connect Plus
Времиња на тргнување Функции на возилото We Connect Plus Електрично и електрично-хибридно возило
Климатизација Функции на возилото We Connect Plus Електрично и електрично-хибридно возило
Полнење Функции на возилото We Connect Plus Електрично и електрично-хибридно возило

1) Услугата за заклучување и отклучување ја штити безбедноста и бара проверка на идентитетот со користење на постапката Volkswagen Ident. Вашиот идентитет ќе биде проверен од страна на Volkswagen партнер или преку видео разговор.

2) Во моментов, (онлајн) гласовната контрола е достапна за следниве јазици: Германски, англиски (ВБ и САД), француски, шпански, чешки и италијански. 

3) За користење на услугите "Стриминг и интернет", како и WLAN xот-спот потребна е дополнителна количина на податоци што може да се добие преку платените пакети податоци преку надворешниот партнер за мобилни комуникации "Cubic Telecom" и да се користи во областа на мрежното покривање во бројни европски земји. Информации за цените и поддржаните земји може да најдете на https://vw.cubictelecom.com. Како алтернатива, постои можност за лична податочна врска преку мобилен уред (поврзување со паметен телефон) со постоечки или одделно склучен договор за мобилен телефон помеѓу вас и вашиот мобилен оператор и само во рамките на покриеноста на соодветната мобилна мрежа. Примањето пакети податоци од интернет може да предизвика дополнителни трошоци (на пр. роаминг трошоци), во зависност од соодветната тарифа за мобилен телефон, а особено кога се користи во странство. 

4) За користењето потребен е налог со соодветна услуга за стриминг.

Преземање апликација We Connect

 

Доживејте ги сите предности на We Connect и Car-Net во една апликација. Едноставно преземете ја апликацијата We Connect за оперативниот систем за вашиот паметен телефон и поврзете ја со вашиот Volkswagen.

Кон App Store

Кон Play Store

Hoppla!
Ihr Browser scheint nicht aktuell zu sein. Eventuell funktioniert unsere Webseite nicht optimal. Die meisten Browser (nicht jedoch MS Internet Explorer 11 & älter) funktionieren dennoch problemlos.

Wir empfehlen Ihnen ein Update Ihres Webbrowsers!
Die jeweils neueste Version kann überall im Internet ein gutes Erlebnis sicherstellen.

Danke für Ihren Besuch und viel Spaß,
Вашиот Volkswagen Team