Со професионалната грижа за лакот во Вашата работилница за марката на Volkswagen, Вашиот автомобил подолго време ќе биде убав и оптимално заштитен. Редовното полирање и стручното конзервирање го одржуваат сјајот како нов во текот на целата година.
Страничните удари, гребаниците и малите оштетувања на лакот, на пр. на краевите нудат идеална подлога за создавање на 'рѓа. Пред да се рашири корозијата и да се зголемат оштетувањата, треба да го посетите Вашиот стручен сервис за Volkswagen. Секако Вашиот стручен сервис за марката на Volkswagen е прва адреса во случај нешто да се расипе. Нашите обучени соработници со специјални алати и техники повторно ќе го доведат Вашиот автомобил во форма. Лакот на крај се нанесува грижливо со комори на притисок и во различни слоеви, така што Вашето возило повторно ќе биде како ново.
Volkswagen сервис за оштетувања на лакот и каросеријата
- стручни зафати на каросеријата и лакот
- најмодерна техничка опрема
- исклучиво користење на оригинални делови на Volkswagen®
- поволно отстранување на оштетувања на стаклото или пластиката
- целосна грижа за оштетувањата со осигурување
- 24 месечна гаранција за работа и оригинални делови на Volkswagen®
- најмодерен еколошки стандард при обработка и отстранување