Во кое било време – и скоро секаде во Европа. Во случај на откажување на возилото, незгода, вандализам или кражба (на делови), гаранцијата за мобилност за ID. семејството на Volkswagen ги покрива организацијата и трошоците* за наведените услуги доколку се исполнети следните услови**.
*Ве молиме имајте предвид дека не е возможна парична исплата за неупотребените услуги.
**Volkswagen го задржува правото да прави измени или приспособувања на содржината на Volkswagen гаранцијата за мобилност без претходна најава.
Услуги
- Помош по телефон преку нашиот центар за повици
- Поправка на лице место
- Поддршка за полнење на високонапонската батерија и батеријата од 12 волти
- Влечење на покриеното возило
- Извлекување на возилото
- Трошоци за транспорт
- Заменска мобилност (на пр. такси, делење возило, јавен превоз, заменско возило или изнајмено возило) или трошоци за патување до дома/дестинацијата, на пример со воз, авионски лет или траект
- Трошоци за сместување
- Трошоци за складирање доколку се влече до депо или овластен сервисен партнер
- Помош по вандализам, по којшто продолжувањето на патувањето станало невозможно или забрането
- Помош по кражба на делови на возилото или на целото возило, со што продолжувањето на патувањето станало невозможно или забрането
Услови и правила
1. Покриени настани
Гарант на гаранцијата за мобилност е Порше Македонија ДООЕЛ Скопје, бул. Босна и Херцеговина бр. 4, 1000 Скопје.
Услугите се пружаат доколку возачот (м/ж/други)*** на возилото со право на гаранцијата не може или не смее да го продолжи возењето поради откажување на возилото, незгода, инцидент кој самиот го предизвикал, кражба (на делови) или вандализам.
Сите други настани покрај техничките дефекти, како што се самостојно предизвиканите откажувања на возилото, незгодите, кражбата (на делови) или вандализмот се квалификуваат за сите Услуги опишани во овие Услови и правила. За штетите предизвикани преку пружањето на Услугите, за коишто може да се оствари право на побарување против пружателот, Ве молиме обратете се до контактите за управување со побарувања на ARC Europe.
ARC Europe ги пружа сите услуги за помош во име на Volkswagen AG.
Правата коишто му се дадени на корисникот на гаранцијата за мобилност се применуваат покрај законските права на гаранција. Гаранцијата не ги ограничува бесплатните законски права на корисникот како купувач на возилото кон продавачот на возилото во случај на дефекти и можните побарувања според Законот за одговорност за производи кон гарантот како производител на возилото.
*** Тука секогаш се мисли на машката, женската и другите форми. Заради полесно читање, подолу во текстот се користи машката форма, Ве молиме при читањето мислете на соодветната форма.
2. Покриени лица
Услугите за помош на пат се пружаат за возачот и другите лица што биле во возилото кога настанало откажувањето на возилото или незгодата, најмногу за бројот на седишта внесени на потврдата за регистрација. Од нив, исклучени се авто-стопери и патници коишто плаќаат.
3. Покриени возила
Услугите за помош на пат се пружаат за возила од ID. семејството на Volkswagen коишто се користат врз основа на купопродажба, лизинг или договор за долготраен наем.
Не се покриени возилата што припаѓаат на полицијата, противпожарната служба, амбуланта и спасувачки служби и оние за комерцијален превоз на лица. Такси возилата, возилата за изнајмување и училишните возила за превоз, како и возилата што припаѓаат на поштенската служба, се квалификувани само за помош по телефон, поправка на лице место и влечење. Сепак, такси возилата и училишните возила за превоз за приватна употреба се целосно покриени.
Во принцип, возилата од флота се целосно покриени согласно овие услови. Но, доколку возилата од флота се користат како возила за изнајмување, се применуваат ограничувањата за возила за изнајмување.
Квалификувани се исклучиво возилата регистрирани во областа на примена (во следната точка 4).
4. Област на примена
Услугите за помош на пат се пружаат во следните земји: Андора (AND), Белорусија (BLR), Белгија (BEL), Босна и Херцеговина (BIH), Бугарија (BGR), Данска (DNK), Германија (DEU), Естонија (EST), Финска (FIN), Франција (FXX), Гибралтар (GIB), Грција (GRC), Ирска (IRL), Исланд (ISL), Италија (ITA), Канарски Острови (IC), Хрватска (HRV), Летонија (LVA), Лихтенштајн (LIE), Литванија (LTU), Луксембург (LUX), Монако (MCO), Црна Гора (MNE), Холандија (NLD), Северна Македонија (MKD), Норвешка (NOR), Австрија (AUT), Полска (POL), Португалија (PRT), Романија (ROU), Република Сан Марино (SMR), Шведска (SWE), Швајцарија (CHE), Србија (SRB), Словачка (SVK), Словенија (SVN), Шпанија (ESP), Република Чешка (CZE), Унгарија (HUN), Велика Британија (UK), Гернзи (GGY), Џерси (JEY), Ман (IMN), и градот држава Ватикан (VAT).
5. Времетраење на помошта на пат
Периодот на гаранцијата започнува од моментот кога гарантот или овластениот партнер на Volkswagen го предава возилото на првичниот купувач или од датумот на првата регистрација, што и да настапи прво, и е валиден три години. Без разлика на тоа, периодот на законската гаранција започнува откако возилото ќе се испорача, регистрира или користи од страна на овластен партнер на Volkswagen во областа на примена, како што е дефинирана во точка 4.
Гаранцијата за мобилност е поврзана со возилото. Доколку возилото се продаде, гарантот се согласува новиот купувач да ја преземе гаранцијата за мобилност.
6. Услуги за помош на пат
6.1. Помош по телефон преку нашиот центар за повици
Првиот чекор кон помош на пат за ID. семејството на Volkswagen секогаш е да се контактира нашиот центар за повици. Врз основа на достапните информации, центарот за повици одлучува дали проблемот може да се реши преку помош по телефон или дали треба да се преземат други мерки.
6.2. Помош на пат, влечење и извлекување
Помош на пат се пружа преку центарот за повици и доколку е потребно, на лице место. Доколку возилото не може да се поправи на местото каде што настанала штетата, ќе се организира и плати влечење до најблискиот овластен сервисен партнер. Достапна е помош и во случај на тешкотии со полнењето на погонската батерија, на пр. со приклучокот, вратичката на отворот за полнење, кабелот или периферни проблеми,
Кога погонската батерија е празна, помошта на пат обезбедува да се дојде до најблиската употреблива станица за полнење или станица за полнење на работното место на овластениот возач или до неговиот дом на растојание до 50 km.
По проценката на времето потребно за поправка, центарот за повици мора да одлучи, земајќи го предвид интересот на клиентот, дали да се чека поправката (чекате додека се врши поправката) или да се организира алтернативна форма на мобилност и/или сместување.
Доколку претходно е потребно извлекување на возилото, тоа ќе биде организирано, спроведено и платено.
6.3. Трошоци за складирање
Вклучени се трошоците за складирање (трошоци за паркирање) на возилото кај овластен сервисен партнер или депо.
6.4. Алтернативна мобилност
При сите покриени настани во коишто возачот не може со сигурност да продолжи со возењето на негово возило за кое е потребна помош при откажување на возилото, следните услуги се организираат и плаќаат, земајќи ја предвид индивидуалната ситуација на клиентот:
- трошокот за заменска мобилност со такси, транспорт на патници, јавен превоз, делење возило, делење превоз, изнајмување велосипед итн. до најмногу €150 по случај (возач и сите патници) без ДДВ.
- заменско возило ќе биде ставено на располагање за целото времетраење на поправките или за најмногу три работни дена плус викенди и празници.
- трошокот за билет за воз од втора класа или авиобилет од економска класа доколку патувањето со воз би траело подолго од шест часа, вклучувајќи разумна комбинација на истите, за враќањето до постојаната адреса на живеење или за продолжување на патувањето до првичната дестинација до најмногу €500 без ДДВ по случај (возач и сите патници). Сите трошоци што го надминуваат тој износ мора да се одобрат од нашиот центар за повици пред да се користат услугите.
Заменското возило во најголема можна мера ќе одговара на класата на засегнатото возило и мора да се добие или од овластениот сервисен партнер каде што се врши поправката на тоа возило или индиректно од центарот за повици. Нема право на електрично возило. Сите дополнителни трошоци што настануваат со заменското возило, како што се горивото, електричната енергија, патарините итн. ги презема возачот.
Возачот мора да ги исполнува барањата на компанијата што го изнајмува возилото во однос на возраста, валидната возачка дозвола, депозит за горивото и платежна картичка.
Возачот го склучува договорот за изнајмување на негово име и на негова сметка за сите услуги што не се вклучени. Вклучени услуги се дневната цена на изнајмувањето, вклучително и покритие за Одрекување одговорност при штети од судир, заштита од кражба и одговорност кон трети лица, неограничен број бесплатни километри, давачки на железнички станици, аеродроми и вон работното време навечер и за време на викенди, како и зимски гуми, доколку тоа се бара со закон.
Меѓународното изнајмување во еден правец на изнајменото возило е ограничено на најмногу €1,250 без ДДВ.
Не се вклучени Супер одрекувањето одговорност од штета од судир, ниту пак трошоците за додатоци како што се навигација, детски седишта, синџири за снег итн.
6.5. Трошоци за сместување
Трошоците за сместување вклучувајќи и појадок се покриваат до најмногу €150 без ДДВ по лице по ноќ за најмногу три ноќи доколку покриеното лице е подалеку од 100 km од неговата постојана адреса на живеење.
7. Дополнителна услуга во странство: враќање на возилото најмногу до временската вредност
Враќањето на непоправеното возило од местото каде што настанала штетата до овластен сервисен партнер во местото каде што се наоѓа живеалиштето на возачот или овластен сервисен партнер по избор на возачот, доколку не е веројатно дека квалификуваното возило ќе биде поправено во рок од три работни дена. Оваа одлука во однос на враќањето на возилото, како и претпоставката за трошоците за истото мора да биде одобрена однапред од страна на центарот за повици.
8. Непокриени настани
а) Настани чијашто причина може да се најде во одржувањето и/или поправките коишто не биле вршени запазувајќи ги спецификациите на производителот, како и резервни делови или додатоци што не се одобрени од Volkswagen AG
б) Настани поврзани со фактот дека купувачот не ги следел регулативите во врска со ракувањето на предметот на купопродажбата (упатства за употреба, сервис), вклучувајќи и неспроведување на потребното одржување
в) Настани поврзани со учество во трки, релија и слични натпревари или возење заради обука со покриеното возило, како што се курсеви за спортски возачи, курсеви за дрифтање или обука за безбедност на возачи
г) Настани поврзани со војна (ризици), револуција, востание, штрајк, запленување, пиратство, Виша сила, тероризам, граѓански немири, ограничување од страна на државните власти или официјална забрана
д) Настани поврзани со намерно вршење или обид за вршење криминални дела или прекршоци
ѓ) Настани поврзани со алкохолизирана состојба, користење дрога или лекови
е) Настани поврзани со оштетување или уништување предмети што се превезувале во овластеното возило или кои ги носело покриеното лице
ж) Трошоци за ангажирање лица, чистење и расчистување на местото каде што настанала незгодата или откажувањето на возилото
з) Настани како кражба или загуба на предмети што биле носени во или на возилото во случај на откажување на возилото, незгода или за време на транспортот
ѕ) Директни, индиректни или последователни оштетувања, имено загуба на профит или загуба на приходи, пропуштен воз или лет или траект или пропуштен концерт итн.
и) Доброволни исплати (на пр. бакшиш)
ј) Замена на предмети што се заклучени или останати во возилото
к) Откажување на возилото предизвикано од дефект на приколката што се влече од овластеното возило или од возило што не е одобрено за влечење
л) Настани предизвикани од груба небрежност, со умисла, измама или намерно однесување на корисникот
љ) Пожар кој однадвор го зафатил возилото
м) Нуклеарна реакција, радијација или радиоактивна контаминација, бактериолошка или хемиска контаминација
н) Инциденти што настанале додека со возилото ракувал неовластен возач или возач без валидна возачка дозвола
њ) Инциденти што настанале поради бегство по незгода (бегање на возачот)
о) Инциденти што настанале додека возачот на квалификуваното возило игнорирал црвено светло
п) Настани додека покриеното возило има регистарски таблички за извоз, транзит, тест или таблички на дилерот
р) Настани што не настанале на јавни патишта, како плажа, шумска патека, планина (превои) и река
9. Задолженија во случај на настан како откажување на возилото, незгода, оштетување, кражба итн.
Во секој случај, мора веднаш да се извести центарот за повици. Доколку не се контактира директно центарот за повици, обврската за вршење услуга не се применува. Центарот за повици ќе ги организира или наложи потребните мерки и трошоците што настануваат притоа ќе бидат платени во дадените рамки.
Доколку квалификуваното лице сепак е принудено самото да преземе мерки поради околностите, тој може оригиналните сметки за бараните услуги да ги поднесе за нивна верификација само по претходно одобрување од центарот за повици.
Ве молиме, целата документација пратете ја електронски на
claims.management(kwfat)arceurope(kwfdot)com
Доколку е потребно, може да се побара извештај од јавна служба.
10. Неисполнување на задолженијата
Доколку потребните задолженија за известување, информација или однесување намерно не се исполнат, услугите може соодветно да се намалат, освен доколку покриеното лице не докаже дека неисполнувањето на договорот не влијаело на настанувањето, обемот или утврдувањето на загубата.
11. Дополнителни права
Оваа гаранција за мобилност не дава право на барања вон рамките на и над услугите што се наведени тука. Остануваат незасегнати барањата врз основа на намерно однесување или груба небрежност на гарантот и неговите агенти-застапници и законски претставници, како и барањата врз основа на повреда на телото, животот или здравјето.
12. Право на пренос на побарувања
Во случај на незгода, нема да се пружат услугите според овој договор доколку трето лице (одговорност кон трето лице, доброволно или задолжително осигурување) е во принцип должно да ги плати услугите за истата штета. Доколку, и покрај горенаведената одредба, се пружени услуги за истата штета, тие ќе се сметаат за авансно плаќање и покриеното лице ќе ги отстапи неговите побарувања кон третото лице на пружателот на услугите во истата мера и исто така ќе го овласти пружателот на услугите да изврши побарувања кон третото лице преку агенција за наплата на побарувања и да ги прифати истите со порамнување наспроти услугите.
13. Дефиниции
Корисник
Кое било лице што е овластено да прима услуги за помош како што се подетално дефинирани во овие Услови и правила.
Откажување
Откажување е кое било нефункционирање на квалификуваното возило, со што станува невозможно да се продолжи патувањето од гледна точка на клиентот. Тоа вклучува услови на возилото настанати по сопствена вина, на пр. празна или скоро празна погонска батерија.
Незгода
За незгода се смета оштетување на квалификуваното возило предизвикано од настан што ненадејно се случил или од надворешен насилен настан, со што станало невозможно да се продолжи патувањето или тоа повеќе не е одобрено со закон. Вклучува оштетување од куни.
Кражба
Кражба на делови или на целото возило, со што станува невозможно или забрането да се продолжи со патувањето, е оштетување предизвикано од извршена кражба или кражба во обид, кражба за користење или грабеж, но не и присилно отуѓување.
Вандализам
Помош на пат се пружа и доколку квалификуваното возило било намерно оштетено или уништено поради нерационална и залудна деструкција, со што понатамошното патување повеќе не е возможно или е забрането.
Овластен сервисен партнер
Овластените сервисни партнери се оние сервисни компании што се назначени како такви од страна на официјалниот увозник за да вршат сервис, одржување и поправки на возилата од ID. семејството на Volkswagen.
14. Пружател на услуги
Членовите и договорните партнери на ARC Europe ги пружаат услугите од овој договор.
Гаранција за мобилност
Доколку Вашето возило е опфатено со гаранција за мобилност, Volkswagen AG ќе ги
обработи Вашето име, Вашите детали за контакт, идентификацискиот број на Вашето
возило (VIN) и податоците од Вашето возило доколку се бараат услуги врз основа на
оваа гаранција.
Со помош на тие податоци, Volkswagen AG од една страна проверува дали имате право
на услугите што ги барате, а од друга страна тие податоци се неопходни за да Ви се
понуди конкретната услуга.
Доколку на пример примите помош на пат, ние ги обработуваме и податоците за Вашата
моментална локација и претпоставките за причината за откажувањето на
возилото.
Тие податоци се неопходни за веднаш да се пружи помош по телефон и доколку е
неопходно да се ангажира партнер на Volkswagen или авторизиран сервис во близина да
пружи помош на пат. Партнерот на Volkswagen или овластениот сервис ги обработуваат
личните податоци на нивна одговорност.
Доколку при пружањето на услугата се употреби заменско возило или друга алтернатива
за мобилност, ќе бидат неопходни обработката и чувањето на дополнителни податоци
како што се возачката дозвола на возачот, податоци за платежна картичка или лични
податоци на патниците.
Оваа обработка на податоци се врши со цел да се исполни Вашето право на гаранција
за мобилност или да се спроведе договорот за гаранција за мобилност (спореди чл. 6
ст, 1 т. б од Општата регулатива за заштита на податоци (GDPR)).
По правило, податоците се бришат шест месеци по датумот на налогот, освен
податоците поврзани со даноци, коишто се бришат по период на чување од 15 години.