Моделите на комбија на Volkswagen се вистински мултиталенти. Тие убедуваат со комфорот и моќноста при истовремено ниска потрошувачка. А исто така создаваат и многу простор за спортскиот дизајн, којшто како внатре така и надвор се одликува со стил и висок квалитет. Надворешната естетика продолжува во варијабилниот внатрешен простор: Модерната архитектура создава опуштена атмосфера и пријатно чувство за простор.
Passat Variant
Дизајн со големи барања
Passat Variant, којшто секогаш делува широк и моќен зрачи со елеганција и динамика. Тој покажува, како може да се имплементира естетски доследната функционалност. Долгиот, спуштен простор за мотор, кусите надвиснати делови, долгото меѓуосовинско растојание и маркантната странична линија му даваат агилност и незаменлив суверенитет. За својата успешна изведба беше одликуван со наградата iF gold 2015 во дисциплината "Product" - една од најзначајните почести во дизајнерскиот свет.
Passat Variant
Passat Alltrack