Услуга за итен повик
Со "Услугата за итен повик" ви се помага во случај на итност. Во случај на сериозни несреќи, на пример активирање на воздушното перниче, помошта се повикува автоматски. Доколку вашиот Volkswagen регистрира несреќа, услугата ќе воспостави врска со центарот за итни повици на Volkswagen и ќе пренесе важни информации до спасувачката служба. Исто така, имате можност рачно да повикате помош со едно притискање на копче.
Повик за дефект
Кога ќе се случи дефект, брзо доаѓаме на лице место. Со притискање на копчето можете да го активирате повикот за дефект во возилото и да ги испратите вашите податоци за позицијата и возилото во Центарот за повици на Volkswagen. Потоа наш вработен ќе ви помогне да ја идентификувате причината за дефектот или, доколку е потребно, ќе испрати мобилна служба кај вас, ако проблемот не се реши веднаш.
Онлајн аларм против кражба
Опуштете се, бидејќи вашиот Volkswagen може да внимава на себе. Во случај на обид кражба, ќе бидете известени од апликацијата We Connect на вашиот паметен телефон или преку е-пошта.*
* Функционира само со опционалниот аларм против кражбa