Едно сосема ново корисничко искуство ве очекува во дигиталниот кокпит на вашиот ID., кој поставува нови стандарди и се претвора во вистински Smart Device со најновиот, интуитивен концепт на ракување. Преку серискиот дисплеј со екран од 38 центиметри (15 инчи) добивате удобен пристап до најважните функции. Омилени што може индивидуално да се конфигурираат и уште повеќе апликации на почетниот екран гарантираат брзо ракување и го подобруваат искуството при ракувањето.
Контролите за климатизацијата се интегрирани во првото ниво на Infotainment системот. Различните функции на новиот концепт на климатизација се секогаш видливи на новиот голем дисплеј и на него може да се активираат и зачувуваат поединечно, зависно од корисникот. Интелигентните отвори за воздух го регулираат протокот на воздух, а посебни опции се активираат преку говор. На пример, на "Здраво Volkswagen, студени ми се рацете!", ID.7 реагира со активирање на греењето на управувачот. Дополнително струи топол воздух кон рацете.