Полнење додека патувате

Полнење додека патувате

Полнење на работното место

Сè повеќе работодавци се занимаваат со постепена електрификација на својот возен парк и се префрлаат на електрични автомобили. Многумина од нив поставуваат инфраструктура за полнење и сега им нудат на своите вработени можност да го полнат својот електричен автомобил или plug-in хибридно возило на станицата за полнење на компанијата додека работат.

Пазарување и полнење на електричниот автомобил

Времето треба да се цени. Зошто да не искористите додека го полните вашиот автомобил да ги обавите вашите обврски? На пример, набавки. Сè повеќе супермаркети, трговски центри и продавници за мебел постепено ја градат својата инфраструктура за полнење. Можете да ги покриете вашите дневни потреби за полнење со полнење на вашиот електричен автомобил на една од овие станици за полнење, понекогаш дури и бесплатно, и ефикасно да го искористите времето за време на процесот на полнење. Мрежата на јавни станици за полнење на електрични автомобили е веќе добро развиена и продолжува да расте благодарение на посветеноста на градовите, општините и снабдувачите со енергија. 

Следен излез од автопат: полнење

Како возач на долги релации, мора да го полните вашиот електричен автомобил на автопат. Добрата вест е што тука многу нешта се случија во последните години. А инфраструктурата за брзо полнење ќе продолжи да се воспоставува и проширува. Меѓу другото, групацијата Volkswagen е вклучена во воспоставувањето таква мрежа за полнење како дел од корпорацијата IONITY основана заедно со други производители на автомобили. Патем, струјата за полнење на електричните автомобили на IONITY доаѓа 100% од обновливи извори на енергија.

IONITY ја гради, оперира и континуирано ја проширува својата мрежа за полнење долж автопатите и главните сообраќајници во 24 европски земји. 

Целта е оние што патуваат да имаат IONITY парк за полнење на секои 150 до 200 километри. Струјата за полнење за електричните автомобили потекнува од обновливи извори на енергија.

Снабдувачите со електрична енергија исто така засилено инвестираат во изградбата на станици за брзо полнење на автопатите, така што сè повеќе услужни објекти покрај автопатот ќе нудат соодветни станици за полнење на електричните автомобили

We Charge¹ – кој планира, победува

Стрес при брзање, вниманието ви го одвлекуваат децата или бучно градилиште - има многу причини да се изгуби прегледноста на моменталната состојба на полнење. За среќа, We Charge секогаш внимава на опциите за полнење и ви покажува кои станици се моментално достапни. Дури и далечните патувања се многу лесни - барем во однос на полнењето.

We Charge¹ – вашиот совршен сопатник на кратки или долги релации

Дали би сакале да одите на релаксирачко патување или да одите на одмор? Не е проблем. Затоа што We Charge преку апликација² на Volkswagen е вашата врска со густа и сигурна мрежа за полнење - а со тоа и со безгрижното доживување на возењето. Низ цела Европа. Истовремено, лесното ракување при полнењето и транспарентниот процес на плаќање гарантираат дека комфорно ќе стигнете до вашата дестинација.

Ein Angebot der Volkswagen Group Charging GmbH (Elli).

Zur Nutzung der kostenfreien App wird ein Smartphone mit geeignetem iOS oder Android Betriebssystem und eine SIM-Karte mit Datenoption mit einem bestehenden oder separat abzuschließenden Mobilfunkvertrag zwischen Ihnen und Ihrem Mobilfunkprovider benötigt. Durch den Datenaustausch über das Internet können, abhängig von Ihrem jeweiligen Mobilfunktarif und insbesondere beim Betrieb im Ausland, zusätzliche Kosten (z.B. Roaming-Gebühren) entstehen.

Затвори
Мени
Затвори мени
Затвори

Новиот ­ID.7

Новиот ­ID.7

Hoppla!
Ihr Browser scheint nicht aktuell zu sein. Eventuell funktioniert unsere Webseite nicht optimal. Die meisten Browser (nicht jedoch MS Internet Explorer 11 & älter) funktionieren dennoch problemlos.

Wir empfehlen Ihnen ein Update Ihres Webbrowsers!
Die jeweils neueste Version kann überall im Internet ein gutes Erlebnis sicherstellen.

Danke für Ihren Besuch und viel Spaß,
Вашиот Volkswagen Team