Честопати невидливите иновации се оние што ја прават разликата. Како на пример, по желба достапното прилагодливо регулирање на подвозјето DCC Pro со динамично управување. Електронски контролираните амортизери со систем со 2 вентили се прилагодуваат во милисекунди на конкретната површина на коловозот и на возната ситуација. Тоа, заедно со неговото долго меѓуоскино растојание, обезбедува уште поголема удобност и задоволство при возењето во новиот Passat. И ако тоа не е доволно, можете лесно да го приспособите вашиот Volkswagen уште попрецизно со користење на различните режими: Comfort, Sport и Individual.