Мени
Затвори мени
Затвори

Урбан шармер. Новото Polo

Може повеќе

Кој вели дека од мало возило не може да се очекуваат големи нешта? Откријте ги напредниот дизајн и интелигентната технологија во новото Polo. 

 

Polo има многу врвни карактеристики.
Тука ќе наведеме три:

IQ.LIGHT - LED Matrix светла

Oчи што светат.

Повеќе за IQ.LIGHT - LED Matrix светлата

IQ.DRIVE Travel Assist

Ја одржува коловозната лента за вас.
А останатите ги држи на растојание.

Повеќе за IQ.DRIVE

Digital Cockpit

Преглед на важните информации.

Повеќе за Digital Cockpit

Дизајн

IQ.LIGHT - LED Matrix светла

Очи што светат

Новото Polo веднаш се препознава по една вистински врвна карактеристика: иновативните IQ.LIGHT - LED Matrix светла. Matrix технологијата овозможува постојано возење со долго светло без да се заслепат другите учесници во сообраќајот. Она што остава впечаток напред, не смее да недостасува одзади: Во пакетот спаѓаат опционалните LED задни светла со анимирано стоп-светло и интегрирани динамични трепкачи што насоката ја покажуваат со течно движење на светлото.

Надворешност

Типично Polo, индивидуален настап

VW Polo во сина боја, со тонирани задни стакла стои на вашиот паркинг, поглед од хаубата на моторот кон средината. Со неговата компактна димензија и свежиот дизајн, новото Polo ја покажува својата личност уште на првиот поглед. Особено упадливи тука се новоразвиениот преден дел со опционалните LED светлосни ленти во комбинација со IQ.LIGHT - LED Matrix фаровите помеѓу фаровите. Доколку се погледне подобро, ќе се види дека не е индивидуален само изборот на боја. Секоја од четирите линии на опрема Polo, Life, Style или R-Line има свои предности. На пример, декоративни хромирани акценти и други опционални карактеристики како на пр. со боја истакнатиот покрив или фаровите за магла. Кој е вашиот фаворит?

Тркала

Поголем избор: програмата на тркала Polo

Детална слика на опционалните фелни од 17 инчи "Bergamo"; во VW Polo R-Line Со која комбинација* од гуми и фелни најдобро изгледа вашето Polo е прашање на вкус. Но, ние сме убедени дека вие ќе го направите вистинскиот избор.

Преглед на сите тркала

 

Внатрешност

Целосно опремена

Поглед преку потспуштеното стакло попречно преку внатрешниот простор на VW Polo со опционален Digital Cockpit Pro, управувач и седишта. Воодушевува и однадвор и внатре. Новото Polo веќе сериски воодушевува со мноштвото врвни карактеристики на опремата, како на пример прегледниот Digital Cockpit, освежувачкиот клима уред и радиото "Composition" со дигитален радиоприем DAB+ и телефонски интерфејс. Може да бидат и уште повеќе, како на пример индивидуално нагодливиот Digital Cockpit Pro, клима уред "Climatronic" што интуитивно може да се регулира преку површините на допир или амбиентално осветлување? Нема проблем, тие зависно од линијата на опремата сериски се во возилото или се опционално достапни. Разгледајте ги линиите на опрема Polo, Polo Life, Polo Style и Polo R-Line.

Панорамски издигнувачки/лизгачки покрив

Отворени за уште повеќе доживувања

Поглед од горе на VW Polo во сина боја со опционален панорамски лизгачки покрив. Со огромната стаклена површина која се протега скоро преку целата ширина на покривот, опционалниот електричен панорамски издигнувачки/лизгачки покрив ги привлекува сите погледи. Тој овозможува повеќе светлина во внатрешниот простор, но уште поубав е погледот кон небото. А кога е отворен, тоа значи слободен проток на сончева светлина и свеж воздух. Колку од тоа би сакале, одлучувате самите: Покривот може да се крене или целосно да се отвори. А пријатни температури и при силно сончево зрачење овозможуваат тонираното стакло и висококвалитетната ролетна.

Дигитален комфор

Digital Cockpit

Преглед на важните информации

Детална слика на опционалниот Digital Cockpit Pro во VW Polo, на него прикажани се меѓу другото тахометарот и навигацијата. Инструментната табла Digital Cockpit сериски3) на дисплеј во боја со висока резолуција и димензија од 20,32 cm (8 инчи) ви прикажува класични содржини како тахометар и километражник. Кај Digital Cockpit Pro4) приказот на дисплејот од 26,04 cm (10,25 инчи) може да се нагоди според вашите индивидуални желби. Така на пример, може да изберете оптички приказ на вашите системи за помош на возачот или комбинација од навигациска мапа и приказ на медиуми - сето тоа со соодветна графика и анимации.

Радио и навигација

Ве забавува и ви го покажува патот

Дали веќе сте чуле? Радиото "Composition" со дисплеј со димензија од 15,5 cm (6,5 инчи) (сериски во Polo и Polo Life) овозможува во Polo постојано да има добра забава. Ништо чудно, бидејќи тој содржи и дигитален радиоприем DAB+, два USB тип C отвори и телефонски интерфејс. По желба и сериски од линијата на опрема Style, во возилото веќе е и радиото "Ready 2 Discover" . Тоа не само што има TFT дисплеј во боја од 20,3 cm (8 инчи), туку може и да се ажурира5) и во иднина може да се прошири преку In-Car-Shop со функција за навигација. Доколку сакате да ви се покажува патот уште од почетокот, може опционално да се одлучите за навигацискиот систем "Discover Media" со "Streaming & Internet"6) со екран од 20,3 cm (8 инчи) или "Discover Pro" со "Streaming & Internet"6) со екран од 23,5 cm (9,2 инчи).

Говорно управување

Ги слуша вашите наредби

Со интуитивното говорно управување, по желба може преку вашиот глас да ракувате со радиото, телефонот и опционалната навигација во вашето ново Polo. Со говорна наредба може да се избере правилната станица, соодветниот запис од адресарот или бараниот повикувачки број. А со опционалното онлајн говорно управување7) на We Connect Plus8) вашето ново Polo уште подобро ќе ве разбере. На пример, изберете ја онлајн вашата омилена музика или сосема интуитивно управувајте со внесувањето цели во вашата навигација.

IQ.DRIVE

IQ.DRIVE Travel Assist

Ја одржува коловозната лента за вас. А другите ги држи на растојание.

Во опционалниот IQ.DRIVE Travel Assist во новото Polo спаѓа и капацитетен управувач. Доколку се одлучите за IQ.DRIVE Travel Assist, новото Polo има капацитетен управувач: Благодарение на површината што е чувствителна на допир, тој самостојно може да препознае дали во секој момент имате целосна контрола врз возилото. IQ.DRIVE Travel Assist овозможува особено комфорно возење со тоа што ве поддржува во монотони и заморни возни ситуации. Особено на автопат и на добро изградени рурални патишта, IQ.DRIVE Travel Assist за вас може да ги одржи коловозната лента и брзината и да го зима предвид растојанието до возилата пред вас.

Автоматско регулирање на растојанието ACC

Го одржува растојанието. И брзината.

Слика како во VW Polo функционира автоматското регулирање на растојанието ACC. Опционалното автоматско регулирање на растојанието ACC11) притоа може да ви помогне да ги одржувате од ваша страна наместената максимална брзина (до 210 km/h) како и растојанието до возилото пред вас.Во застој, вашето ново Polo на тој начин автоматски сопира и повторно поаѓа (при опционален автоматски менувач DSG). Во комбинација со опционалниот навигациски систем, ACC се проширува со предвидливо регулирање на брзината и помош при кривини.На тој начин добивате помош при избегнувањето на пречекорувањето на брзината со тоа што се преземаат официјалните ограничувања на брзината.Покрај тоа, со помош на податоците за патот од навигацијата, системот може да ја приспособи сопствената брзина на возилото на кривини, крстосници (свртувања) и кружни текови.

Систем за помош во управување при паркирање „Park Assist“ со помош при паркирање

Паркирањето сега е лесно

Новото Polo со опционалниот систем за помош во управување при паркирање "Park Assist" со помош при паркирање не само што може при поминување да ви каже дали некое место за паркирање е доволно големо, туку може и да паркира наместо вас.Вие ракувате со куплунгот, гаста и сопирачката и ја набљудувате околината.Остатокот го врши тој.

  • Сензори скенираат соодветни места за паркирање (до најмногу 40 km/h).
  • За возилото да се паркира, надолжните места за паркирање мора да ја имаат должната на возилото плус 80 cm, а за излегување од местото за паркирање, најмалку 25 cm пред и зад возилото
  • Попречните места за паркирање мора да имаат минимално растојание од 35 cm на двете страни
Систем за помош за менување коловозна лента „Side Assist“

Менување коловозна лента со системот.

Слика како во VW Polo функционира системот за помош при менување коловозна лента "Side Assist". Системот за помош при менување коловозна лента "Side Assist" преку LED светла во надворешните ретровизори ги пријавува другите возила во мртвиот агол или до 50 метри зад вас. Доколку вклучите трепкач за менување коловозна лента, системот може да пресмета дали тоа за вас би било опасно поради позицијата и брзината и во даден случај да ви напомне со упадливо трепкање.

Информативен материјал за Новото Polo

Hoppla!
Ihr Browser scheint nicht aktuell zu sein. Eventuell funktioniert unsere Webseite nicht optimal. Die meisten Browser (nicht jedoch MS Internet Explorer 11 & älter) funktionieren dennoch problemlos.

Wir empfehlen Ihnen ein Update Ihres Webbrowsers!
Die jeweils neueste Version kann überall im Internet ein gutes Erlebnis sicherstellen.

Danke für Ihren Besuch und viel Spaß,
Вашиот Volkswagen Team