Локално предупредување за опасност
Локалното предупредување за опасност ве информира за опасните точки кои претстојат, како што се возила во дефект, несреќи и возила за итни случаи. Приказот во ID. Light ве поддржува да ги согледате и локализирате информациите. На пример, возило за итни случаи од левата страна е на левата страна на светлото.
Препорака за менување на коловозната лента
ID. Light ви помага кога се движите по автопат со давање навремени совети за промена на лентата доколку не може да се стигне до следниот излез во тековната лента.
За да ги користите услугите на We Connect, потребен ви е кориснички налог на
Volkswagen ID и мора да се пријавите на We Connect со корисничко име и лозинка.
Понатаму, треба да се склучи посебен договор We Connect или We Connect Plus со
Volkswagen AG онлајн. За We Connect Plus, имате 90 дена од предавањето на возилото
за да го регистрирате возилото на www.portal.volkswagen-we.com и да ги користите
услугите целото времетраење на договорениот бесплатен период.
Користењето на мобилните онлајн-услуги на We Connect е овозможено преку интегрирана
интернет-врска. Трошоците за податоци кои се направени во рамките на Европа се на
товар на Volkswagen AG во рамките на мрежно покривање, со исклучок на услугите
"Стриминг и интернет", како и поединечни In-Car Apps на Volkswagen AG.
За да ја користите бесплатната апликација We Connect, потребен ви е паметен телефон
со соодветен iOS или Android оперативен систем и SIM картичка со опција за податоци
со постоечки или посебен договор за мобилен телефон помеѓу вас и вашиот мобилен
оператор.
Достапноста на поединечните услуги на We Connect и We Connect Plus, опишани во
пакетите, може да се разликува според државата и зависи од возилото како и од
опремата. Услугите се достапни за договорениот рок на траење на договорот и може да
подлежат на промени на содржината во рокот на траење на договорот. Повеќе
информации можете да најдете на www.portal.volkswagen-we.com и кај вашиот партнер
на Volkswagen. За информации во врска со условите за тарифата за мобилен телефон,
контактирајте со вашиот мобилен оператор.