Онлајн импортирање цели и рути

Досега можевте преку апликацијата Volkswagen да испратите поединечни посебни цели (на пр. адреси за паузи за полнење, пријатели, ресторани и др.) до навигацискиот систем. Со надградената функција, сега во апликацијата Volkswagen може да се планира рута со паузи за полнење и истата да се испрати до возилото.

1. Откако ќе се побара цел во апликацијата Volkswagen, планирањето на рутата може да се започне преку "Рута".

2. Актуелната местоположба на возилото првично се користи како почетна локација, а алтернативно може да изберете друга локација.

3. Преку "Додади попатна цел", може да се додаде попатна цел.

4. Предложената рута може да се прати до возилото преку "Прати рута".

5. При приемот во возилото, на инфо-забавниот систем се прикажува Pop-up прозорец. Сега рутата може да се меморира во омилените или директно да се употреби за навигација. По праќањето на рутата, во возилото мора да се спроведе интеракција (навигација, меморирање), во спротивно последната примена цел ќе се пребрише со нова цел.

6. За да го пресмета планот на рутата, апликацијата користи стандардна вредност од 58 kWh за големината на батеријата, актуелната состојба на наполнетост на батеријата (SOC) на возилото и за потрошувачката на ID.3 Pro со батерија од 58 kWh т.е. 12,9-13,5 kWh/100km.

13,5-12,9 kWh/100 km.

При нејзиното користење, рутата во возилото одново се пресметува. Во зависност од сообраќајот, температурата, видот и состојбата на наполнетост на батеријата, како и од моменталната локација на возилото, може да дојде до отстапувања од првично испланираното во апликацијата.

За времен на возењето, може да се примаат нови цели и рути.

 Испратената рута може да содржи до три попатни застанувања и до пет точки за полнење.

 

Предуслови

·  Достапно само во комбинација со навигациски систем во опционалниот пакет за инфо-забава

·  Валиден We Connect договор, Volkswagen ID корисничка сметка и апликација Volkswagen

 

За да ги користите услугите на We Connect, потребен ви е кориснички налог на Volkswagen ID и мора да се пријавите на We Connect со корисничко име и лозинка. Понатаму, треба да се склучи посебен договор We Connect или We Connect Plus со Volkswagen AG онлајн. За We Connect Plus, имате 90 дена од предавањето на возилото за да го регистрирате возилото на www.portal.volkswagen-we.com и да ги користите услугите целото времетраење на договорениот бесплатен период.
Користењето на мобилните онлајн-услуги на We Connect е овозможено преку интегрирана интернет-врска. Трошоците за податоци кои се направени во рамките на Европа се на товар на Volkswagen AG во рамките на мрежно покривање, со исклучок на услугите "Стриминг и интернет", како и поединечни In-Car Apps на Volkswagen AG.

За да ја користите бесплатната апликација We Connect, потребен ви е паметен телефон со соодветен iOS или Android оперативен систем и SIM картичка со опција за податоци со постоечки или посебен договор за мобилен телефон помеѓу вас и вашиот мобилен оператор. 
Достапноста на поединечните услуги на We Connect и We Connect Plus, опишани во пакетите, може да се разликува според државата и зависи од возилото како и од опремата. Услугите се достапни за договорениот рок на траење на договорот и може да подлежат на промени на содржината во рокот на траење на договорот. Повеќе информации можете да најдете на www.portal.volkswagen-we.com и кај вашиот партнер на Volkswagen. За информации во врска со условите за тарифата за мобилен телефон, контактирајте со вашиот мобилен оператор.

Затвори
Мени
Затвори мени
Затвори

ID. Software 3.2 Update

ID. Software 3.2 Update

Hoppla!
Ihr Browser scheint nicht aktuell zu sein. Eventuell funktioniert unsere Webseite nicht optimal. Die meisten Browser (nicht jedoch MS Internet Explorer 11 & älter) funktionieren dennoch problemlos.

Wir empfehlen Ihnen ein Update Ihres Webbrowsers!
Die jeweils neueste Version kann überall im Internet ein gutes Erlebnis sicherstellen.

Danke für Ihren Besuch und viel Spaß,
Вашиот Volkswagen Team