Внатрешноста на новиот T-Cross
Во ентериерот, висококвалитетната инструмент табла мека на допир и уметците од вештачка кожа на инструментната табла и на вратите создаваат атмосфера на добро чувство. Спортските комфорни седишта во T-Cross Style и R-Line нудат дополнителна удобност и поддршка при возењето. Покрај тоа, има и многу модерна технологија: Дигиталната инструментна табла "Digital Cockpit" со дисплеј во боја со висока резолуција од 20,3 cm (8 инчи) е веќе инсталирана како дел од сериската опрема, а додатоците како на пр. системот за навигација "Discover Pro" се достапни на барање. Можете индуктивно да го полните вашиот паметен телефон како дел од сериската опрема во T-Cross R-Line и Style.