Климатизацијата во новиот T-Cross
Чувствувањето на температурата може да биде различно: Додека на едното лице му е сè уште студено, на другото може веќе да му биде премногу топло. Клима-уредот со 2 зони "Air Care Climatronic", кој е опционален од серијата Life, нуди решение. Со него ги регулирате температурите на страната на возачот и совозачот независно една од друга. А "Air Care Climatronic" може да направи и уште повеќе: Колку побавно возите, толку потивко работи вентилаторот. Ако го активирате чистењето на стаклата или поставите степен за возење наназад, системот автоматски се префрла во режим на внатрешна циркулација. Ова го одржува воздухот во автомобилот свеж, а температурите пријатни.