Просторниот концепт на новиот T-Cross
Предните седишта со висока позиција за седење во новиот T‑Cross обезбедуваат добра видливост на сите страни. Потпирачот за грб на совозачкото седиште опционално може целосно да се преклопи - практично, доколку сакате да транспортирате гломазни предмети. Задната клупа што може да се преклопува и поместува обезбедува уште повеќе простор за складирање, доколку е потребно. Ако ја преклопите, волуменот на багажниот простор се зголемува до 1281 литри и ви овозможува лесно да сместите предмети долги до 2,4 m.1 Концептот на флексибилниот простор е заокружен со прегради и џебови за складирање, држачи за чаши и преграда за паметен телефон во централната конзола.
Bitte sichern Sie Ihre Ladung immer ordnungsgemäß.