Без разлика дали сакате спортско или удобно возење: Опционалното прилагодливо
регулирање на подвозјето DCC Pro ви нуди можност да го прилагодите подвозјето
според вашите потреби. Електронски регулираните амортизери со иновативна
технологија со 2 вентили реагираат во милисекунди на површината на патот и возната
ситуација и автоматски го прилагодуваат однесувањето на амортизацијата.
Технологијата со 2 вентили овозможува многу прецизно регулиран начин на возење за
високо ниво на удобност и динамика. Со DCC Pro можете да изберете од различни
профили за возење, како што се Comfort, Sport или Individual. Во возниот профил
Individual можете да ги извршите вашите индивидуални поставки користејќи го
лизгачкиот регулатор. Системот за управување со возна динамика вклучен во изборот
на возни профили, исто така, дополнително го подобрува начинот на возење и на тој
начин обезбедува поголема забава и прецизност при возењето.