Внимавате на важните информации, а во исто време гледате кон патот: Тоа е големата предност на опционалниот Head-up дисплеј. Дел од ветробранското стакло станува површина за проектирање, за да се прикажат брзината, пораките на системот за помош на возачот или упатствата за навигација. Проекцијата е лесна за читање дури и кога коловозот е осветлен одзади или покриена со снег. И доколку не ви треба приказот, можете делумно или целосно да го исклучите во секое време.