Незаменлив. Новиот Arteon.
Новиот Arteon се препознава на прв поглед, затоа што со неговиот дизајн и слеана силуета дава јасен впечаток. Влезете и воодушевете се од елегантната внатрешност и од интуитивното ракување.
Новиот Arteon има многу врвни карактеристики. Еве три од нив:
Надворешност
Целосно обликуван изглед
Внатрешност
Примамлива удобност
Digital Cockpit Pro
Преглед на она што е важно
Дизајн
Целосно обликуван изглед
Екстравагантно и јасно спортската лимузина дава јасен впечаток.
Иновативен дизајн на светла
Задните светла во нов LED дизајн го истакнуваат маркантниот заден дел на новиот Arteon со нивната прогресивна светлосна сигнатура. Опционално задните светла се добиваат и во динамичен дизајн. LED елементите овде создаваат 3-D ефект и при сопирање префрлуваат меѓу задното светло и стоп-светлото. Дополнително кон тоа припаѓа и функцијата на динамични трепкачи. За да можете секогаш да го најдете патот до автомобилот и до вратата на Вашиот дом, функцијата "Leaving home" и "Coming home" Ви го покажуваат патот.
Примамлива удобност
Во пространата внатрешност Ве пречекува луксузна удобност. Сите контролни елементи целосно се приспособени според Вас а хармонично усогласените бои и материјали се грижат за извонредна атмосфера. Без разлика за што ќе се одлучите, зависно од линијата на опрема имате избор на различни навлаки за седишта од материјал од Artvelours сè до Nappa кожа. Украсите од алуминиум или вистинско дрво го заокружуваат елегантниот впечаток на внатрешноста. Ќе погледнете и ќе почувствувате: Оваа внатрешност Ви овозможува да уживате во секој момент од Вашето патување.
Поставува светлосни акценти
Потонете го внатрешниот простор во Вашата омилена боја. Со индиректно светло, белото амбиентално осветлување во се грижи за пријатна атмосфера.
- Арматурите, средишната конзола, како и предните и задните врати се нежно се осветлуваат
- опционално достапно и со 30 различни бои. Избраните бои се преземаат во дигиталните прикази.
Изгледа добро за Вас: програмата за тркала
Широката палета на спортски и елегантни тркала од лесен метал го нагласува атрактивниот дизајн на Вашиот нов Arteon.
Дигитален комфор
Преглед на она што е важно
Класичен тахометар или навигациска мапа со висока резолуција? Зошто да мора да изберете? Digital Cockpit Pro ги нуди двете истовремено:
- TFT дисплеј во боја со големина од 26 cm (10,25 инчи) со висока резолуција
- Можност за конфигурирање на различни прикази
- Повикување на детални возни податоци преку повеќефункцискиот управувач или Infotainment системот
- 2-D и 3-D приказ на мапи
- Нуди целно зумирање во навигациската мапа
- Приказ на избрани информации преку цела површина
- Навигациската мапа и приказите на медиумите може да е комбинираат
Поинтуитивно за еден допир
Класичните копчиња за функција во пилотската кабина во голема мера отстапија на површините чувствителни на допир во новиот Arteon. На пример, можете да го регулирате Climatronic многу едноставно и интуитивно користејќи копчиња и лизгачи.
Мултифункционален спортски волан со допир во кожа може да се управува и со едноставно тропање на прстот. Во комбинација со интелигентна навигација во менито, имате пристап до многу функции. Хаптичките повратни информации во форма на нежни вибрации го потврдуваат секој влез.
Водич кој го одредува ритамот
Abbildung zeigt optionales Navigationssystem "Discover Pro"
Навигацискиот систем "Discover Media" воодушевува со неговиот екран на допир во боја со големина од 20,3 cm (8 инчи) и интуитивна навигација со систем за препознавање на сообраќајни знаци. А со мобилните онлајн услуги на We Connect¹⁾ ќе останете конектирани и додека патувате. Покрај тоа можете да се радувате и на осумте звучници, Bluetooth поврзување за мобилни телефони, како и два USB интерфејси (тип C) и App-Connect²⁾, кои за Apple CarPlay™ и Android Auto™ функционираат и безжично.
Сакате да одите чекор напред кон дигиталната иднина? Не е проблем. За тоа можете да го изберете опционалниот навигациски систем "Discover Pro".
Добро ангажирана убава музика
Опционалниот музички систем од "Harman Kardon" воодушевува со неговиот софистициран звук и рафиниран, елегантен дизајн. Направен за обожавателите на звукот, коишто не само што сакаат да слушаат музика за време на возењето, туку сакаат и да и оддадат почит. Ве чекаат балансирани високи и ниски тонови, а покрај тоа и прецизни басови. "Harman Kardon" носи незамислив звук на улицата и во Вашиот Volkswagen. За тоа се грижат:
- 10 звучници
- 1 сабвуфер
- Централен звучник
- 16 канален Ethernet засилувач
- Surround звук
Технологија
Уште повеќе за новиот Arteon
Дополнителни карактеристики
Конективност
Конективност
Системи за помош
Системи за помош
Комфор
Информативен материјал за Новиот Arteon
1)За користење на We Connect услугите потребна Ви е Volkswagen ID корисничка сметка и кај We Connect мора да се најавите со корисничко име и лозинка. Останува да склучите посебен We Connect односно We Connect Plus онлајн договор со Volkswagen AG. За We Connect Plus по предавањето на возилото имате време од 90 дена да го регистрирате возилото на portal.volkswagen-we.com и да ги користите услугите за целосното времетраење на договорениот период без надомест. Користењето на мобилните онлајн услуги We Connect е овозможено преку вградена интернет врска. Трошоците во врска со тоа, кои настануваат во Европа, во рамките на мрежната покриеност со исклучок на услугите "Streaming & Internet" ги сноси Volkswagen AG. За користење на услугите "Streaming & Internet", како и на WLAN-Hotspot, можете да нарачате податочни пакети со доплата преку надворешниот партнер за мобилна мрежа "Cubic Telecom" и да ги користите во областа на мрежната покриеност во рамките на голем број земји во Европа. Информации за цените и поддржаните земји ќе најдете на vw.cubictelecom.com. Алтернативно возможно е користење на интернет радио и стриминг на медиуми преку мобилен краен уред (на пр. паметен телефон) со способност да делува како мобилен WLAN-Hotspot. Во тој случај соодветните услуги се достапни само со постоечки или засебно склучен договор за мобилна телефонија помеѓу Вас и Вашиот провајдер на мобилна мрежа и само онаму каде што има покриеност со конкретната мобилна мрежа. Со приемот на податочни пакети од интернет, зависно од Вашата конкретна тарифа за мобилна телефонија и особено при користењето во странство, може да настанат дополнителни трошоци (на пр. давачки за роаминг). За користење на бесплатната апликација We Connect, потребен е паметен телефон со iOS или Android оперативен систем и SIM-картичка со опција за податоци со постоечки или засебно склучен договор за мобилна телефонија помеѓу Вас и Вашиот провајдер на мобилна мрежа. Достапноста на опишаните поединечни услуги на We Connect и We Connect Plus во пакетите може да изгледа различно зависно од земјата. За конкретно договореното времетраење на договорот, овие услуги стојат на располагање и може за времетраењето на договорот да подлежат на измени на содржината односно да се постават. Подетални информации ќе добиете на portal.volkswagen-we.com или кај Вашиот партнер на Volkswagen. Информации за условите за тарифа за мобилна мрежа ќе добиете кај Вашиот провајдер на мобилна мрежа.
2)App-Connect ги опфаќа технологиите Apple CarPlay™, Android Auto™ и MirrorLink®. За да се избегне одвлекување на вниманието, за време на возењето стартувајте само сертифицирани апликации. Ве молиме имајте предвид и дека во овој контекст, повеќето апликации не се нудат за ниедна од трите технологии и достапноста на тие технологии може да биде различна во зависност од земјата. Информации за компатибилноста на паметни телефони ќе најдете на www.volkswagen.de/mobiltelefon како и повеќе за Apple CarPlay™ на https://www.apple.com/de/ios/carplay/, за Android Auto™ на https://www.android.com/intl/de_de/auto/ и за MirrorLink® на https://mirrorlink.com/.