Мени
Затвори мени
Затвори

29.3.2024 Volkswagen започна со производство на првиот Golf на 29 март 1974 година

  • Европски број 1: Golf е најуспешниот Volkswagen и најпродаваниот европски автомобил на сите времиња
  • Досега се произведени 37 милиони единици: секој ден во текот на последните 50 години, повеќе од 2.000 луѓе ширум светот избраа нов Golf
  • Гаранција за безбедноста на работните места: 20 милиони од сите Golf возила произведени досега се произведени во фабриката во Волфсбург. Во текот на годините, осум генерации на Golf се произведуваат во осум земји низ светот
  • Обезбедување на патот кон иднината: големо технолошко ажурирање за годишнината со plug-in хибридни погони со целосно електричен опсег од значително повеќе од 100 km и ChatGPT гласовна контрола со вештачка интелигенција

 

На 29 март пред точно 50 години, Volkswagen го започна сериското производство на Golf во Волфсбург. Никој не знаеше на тој ден во март дека овој компактен автомобил - наследникот на легендарниот Буба - ќе стане најуспешниот Volkswagen и најпродаван европски автомобил на сите времиња. Тој го одразува духот на времињата, го дава своето име на сопствената класа на возила и придружува генерации луѓе низ целиот свет. До денес, повеќе од 37 милиони единици ја наследија првата генерација на Golf од 1974 година. Чисто во математичка смисла, ова значи дека преку 2.000 луѓе низ светот се одлучуваат да купат нов Golf секој ден во текот на последните 50 години. Денес, Volkswagen го прославува роденденот на Golf  - а исто така и почетокот на иднината на овој светски бестселер благодарение на сеопфатното техничко и визуелно ажурирање.

Volkswagen - од заоблената Буба до остриот Golf. Првите нови Golf модели можеа да се видат во салоните во јули 1974 година. Таму каде што Бубата и сите возила со мотор поставен во задниот дел претходно доминирале на сцената со децении, тогаш конечно започна нова ера: онаа на предниот напречен мотор. Volkswagen веќе ја започнал оваа транзиција непосредно со Scirocco и Passat.

Volkswagen се пронаоѓа себеси. Како наследник на легендарната Буба кој била произведена во повеќе од 21,5 милиони пати, Golf развиен од Џорџо Џуџаро и Volkswagen Дизајн морал да ги исполни високите очекувања за да ја продолжи успешната приказна за најуспешниот автомобил на сите времиња до тој момент. И тоа го направи на секој начин: клиентите беа толку импресионирани од модерниот погонски концепт, пространиот ентериер и новиот дизајн што овозможо Golf да се произвеед до милион примероци само до октомври 1976 година.

Golf  принципот. Во 1974 година, Volkswagen го изјави следното: "Golf нуди максимален простор и безбедност. Тој е бескомпромисно насочен кон практичноста. Ниската предница им дава јасен преглед на возачите, а наклонетата хауба гарантира дека патот точно пред возилото е видлив. Задниот прозорец се протега надолу, правејќи го возењето на назад многу полесно." И сето ова се уште важи до денес за секој Golf.

Golf и фабриката. Од самиот почеток, фабриката на Volkswagen во Волфсбург и нејзините вработени, исто така, имале корист од успешниот почеток на Golf. До денес, повеќе од 20 милиони единици на Golf се изградени само во Волфсбург. 17 милиони Golf модели се произведени надвор од Волфсбург во други германски области, како и во Белгија, Бразил, Кина, Малезија, Мексико, Словачка и Јужна Африка. И во оваа смисла, Golf е светска кола. Сепак, неговите технологии отсекогаш биле типични примери за прогресивно германско инженерство.

 

Golf  I - Одраз на напредокот. Исто како и сите генерации на Golf , првата генерација исто така беше одраз на техничките најмоќни и актуелни автомобилски трендови. И тоа не важи само за генијалното користење на просторот и погонот на возилото на предните тркала. Со првиот Golf GTI (1976), Volkswagen го иницира динамичниот развој на компактната класа. Golf D (1976) и подоцнежниот Golf GTD (1982) го обезбедиле пробивот на дизелот во компактниот сегмент. Во 1979 година, Volkswagen го лансираше Golf Cabriolet - за некое време најпродаваниот кабриолет во светот. Ова беше како здив на свеж воздух за оваа класа на возила, која дотогаш веќе долго време беше позната како Golf класа. Вкупно 6,9 милиони единици од првата генерација на Golf, вклучувајќи ги и сите деривати, биле продадени на сите континенти до 1983 година - Golf така се покажал како достоен наследник на Бубата.

Golf  II - Пресвртница. Денешниот главен дизајнер на Volkswagen, Андреас Минт, го сумира најважниот момент во историјата на Golf: "Тоа беше префрлувањето од Golf I во Golf  II. Тогашниот главен дизајнер на Volkswagen, Херберт Шефер, направи сé токму таму. Тој го модернизира вториот Golf, но ја задржал препознатливата ДНК од првата генерација. Овој развој е исклучително важен за историјата на Golf, што претставува моментот кога Golf останува на планот за генерациски развој на овој оригинален модел. Тоа е посебната работа кај Golf, а заслугата за ова му припаѓа на Херберт Шафер." Технологии како што се контролираниот каталитички конвертор, ABS и погонот на сите тркала го направиле своето деби во Golf II. Вкупно 6,3 милиони Golf II модели биле произведени помеѓу 1983 и 1991 година.

Golf  III - Безбедноста на прво место. Од август 1991 година, Volkswagen започна нова ера на безбедност со Golf  III. Ова беше првиот модел на линијата на производи достапен со предни воздушни перничиња од 1992 година, а големиот напредок во областа на дизајнот на каросеријата, исто така, доведе до значителни подобрувања во неговите својства. Голем број новитети поврзани со Golf III, кој бил изграден 4,8 милиони пати до 1997 година: на пример, претставуваат воведувањето на првиот шестцилиндричен мотор (VR6), темпомат и странични воздушни прничиња. За прв пат, овој Golf  исто така бил достапен како модел караванска изведба.

Golf IV - Иконата Golf IV претставен во 1997 година денес се смета за икона на стилот - без сомнение, исто така, поради фактот дека го надминала јазот на Golf I од 1974 година со неговите јасни карактеристики и впечатливиот C-столб. Со Golf  IV, Volkswagen постигнал нов стандард за квалитет во сегментот. Паралелно, дебито на ESP даде понатамошен придонес за развој на безбедносните системи и масовно имплементирање во оваа класа на возила. Во 2002 година, Volkswagen исто така го претставил најспортскиот Golf  досега врз основа на четвртата генерација: R32 со максимална брзина од 250 километри на час. Во 2003 година, ова беше првиот Volkswagen кој добил DSG автоматски менувач со двојна спојка. Golf  IV бил заменет во истата година откако биле изградени 4,9 милиони единици.

Golf  V - Укинување на класните ограничувања. Со својата извонредна удобност, петтиот Golf - кој беше лансиран во 2003 година - беше многу понапред од останатите конкуренти во повисоката средна класа. Истото важи и за квалитетот. Вредност која ја подвлече стабилноста на ласерско заварената каросерија е зголемувањето од 35 отсто на торзионалната ригидност. За прв пат, на достапни стануваат и осум заштитни воздушни перничиња. Покрај тоа, Golf V, кој бил произведен во 3,4 милиони примероци до 2008 година, импресионира со нова мултилинк задна суспензија, Bi-Xenon светла и првиот DSG автоматски менувач со 7 брзини.

Golf  VI - Високотехнолошка компактна класа. До крајот на јули 2012 година, уште 3,6 милиони Golf модели биле произведени само за четири години врз основа на шестата генерација која била воведена во 2008 година. И безбедноста уште еднаш направи голем скок напред: шасијата беше толку стабилна што постигна максимум пет ѕвезди на тестотирањата за безбедност на Euro NCAP. Новите технологии како што се Light Assist (напредна контрола на светла), Park Assist, Hill Start Assist и адаптивната контрола на шасијата (DCC) го направија "Светскиот автомобил на годината" во 2009 година еден од најнапредните компактни автомобили во своето време.

Golf  VII - Помала тежина, помала потрошувачка. Во септември 2012 година, Volkswagen ја прослави светската премиера на седмиот Golf. Неговата тежина била намалена за 100 килограми во споредба со неговиот претходник, што значи дека потрошувачката на гориво, исто така, е намалена за 23 отсто. Новите технологии како што се Автоматскиот систем за кочење, Адаптивната контрола на темпомат и Front Assist вклучувајќи го и системот за итно сопирање во град го заокружија опсегот на системите за помош. Во 2014 година, Volkswagen го постави својот курс кон ерата на електричната мобилност со новиот e-Golf. Вкупно 6,3 милиони Golf  VII автомобили се произведени до 2019 година.

Golf  VIII - Прогресивната модерна ера. Volkswagen го претстави Golf VIII во октомври 2019 година. Со своите нови mild hybrid и plug-in хибридните погонови, тој ја наелектризира компактната класа. И како еден од првите компактни автомобили, овозможи помош во возење со Travel Assist. Дури и основната верзија денес има карактеристики како што се Lane Assist, Front Assist, LED светла и автоматски клима уред како стандард. Во комбинација со опционалната адаптивна контрола на шасијата DCC и менаџерот за динамика на возење, Golf VIII, исто така, постигнува невидена распространетост помеѓу удобноста и динамиката во оваа класа. Досега се продадени повеќе од еден милион единици.

Сега - во 2024 - новата еволутивна фаза на осмата генерација пристигна. Новиот Golf импресионира со систем за инфотејнмент од следната генерација, поинтуитивен оперативен концепт, поостар преден и заден дизајн, како и ефикасни погонски системи. Тие вклучуваат plug-in хибридни погони со зголемен електричен опсег од значително повеќе од 100 километри. Осветленото лого на Volkswagen, исто така, го краси предниот дел за прв пат. Покрај тоа, новиот Golf со гласовна контрола и AI-базираниот чатбот ChatGPT уште еднаш ги прави техничките иновации достапни за сите.

Hoppla!
Ihr Browser scheint nicht aktuell zu sein. Eventuell funktioniert unsere Webseite nicht optimal. Die meisten Browser (nicht jedoch MS Internet Explorer 11 & älter) funktionieren dennoch problemlos.

Wir empfehlen Ihnen ein Update Ihres Webbrowsers!
Die jeweils neueste Version kann überall im Internet ein gutes Erlebnis sicherstellen.

Danke für Ihren Besuch und viel Spaß,
Вашиот Volkswagen Team