Мени
Затвори мени
Затвори

12.4.2024 ID.7 е Најпосакуван Електрифициран Автомобил во Македонија.

Новиот и целосно електричен седан на Volkswagen - ID.7 е Најпосакуван Електрифициран Автомобил во Македонија.

ID.7 претставува храбар чекор напред во нашето патување кон поодржлива иднина. Ја отсликува визијата на Volkswagen за електрична мобилност која не само што е ефикасна и еколошка, туку е и возбудлива за возење.

"Сакам да ја изразам мојата најдлабока благодарност до ценетата публика за во името на Volkswagen да ја примам оваа ценета награда. Ова признание го потврдува нашето верување во моќта на иновациите да ја обликуваат иднината на мобилноста. Исто така, сакам да изразам благодарност до нашите лојални клиенти и ентузијасти, благодарение на кои, новиот ID.7 е Најпосакуван Електрифициран Автомобил во Македонија. Вашата поддршка не инспирира да продолжиме да иновираме и да го редефинираме она што е можно во автомобилската индустрија." - изјави Александар Цветковски, Бренд Менаџер на Volkswagen во Македонија.

Наградата "Златно Тркало" е уникатен начин да се добие пулсот на публиката. Основана од жирито на најуспешните онлајн медиуми во државата, наградата Златно Тркало е одличен пристап за откривање на најпосакуваните возила во државата.

Hoppla!
Ihr Browser scheint nicht aktuell zu sein. Eventuell funktioniert unsere Webseite nicht optimal. Die meisten Browser (nicht jedoch MS Internet Explorer 11 & älter) funktionieren dennoch problemlos.

Wir empfehlen Ihnen ein Update Ihres Webbrowsers!
Die jeweils neueste Version kann überall im Internet ein gutes Erlebnis sicherstellen.

Danke für Ihren Besuch und viel Spaß,
Вашиот Volkswagen Team