Паметната врска со вашиот Volkswagen ID.
Возите ID. модел? Тогаш, не само што ќе бидете целосно електрични во иднина, туку ќе можете да бидете целосно вмрежени со We Connect Start. Со онлајн услугите од We Connect Start, можете да имате дигитални асистенти кои обезбедуваат ажурирани информации за управувањето со полнењето или сообраќајот и да управуваат со избраните функции од далечина преку паметен телефон.
Го предвидува сообраќајот
Отсега сообраќајот повеќе нема да ви пречи, бидејќи вашиот Volkswagen ID. размислува заедно со вас. Вашиот систем за навигација пристапува до информациите за сообраќајот на интернет речиси во реално време, препознава несреќи, градежни работи на патишта или други пречки во сообраќајот и секогаш ја предлага најдобрата рута за вас. Ова заштедува време и нерви.
Секогаш, подготвен.
Сакате да го зголемите преостанатиот опсег на вашето ID? Преку апликацијата We Connect на вашиот паметен телефон имате преглед за нивото на батеријата, како и информација дали е поврзан кабелот за полнење. Започнете или прекинете го полнењето од удобноста на вашиот дом.
Целосно фокусиран на вас.
Дали е топло или ладно надвор? Можете да ја користите апликацијата во вашиот ID. за да ја сетирате температурата на вашата удобност. Бидејќи вашата клима може да се стартува или прекине преку паметен телефон и да се постави на саканата температура. Особено погодно: може да го прилагодите и греењето на седиштата пред да тргнете. За да се чувствувате удобно во вашиот ID.
Целосно вмрежени станици за полнење
Со We Connect Start пронаоѓањето на станици за полнење е многу поедноставно. Кога батеријата на вашето ID. ќе дојде на резерва, апликацијата автоматски ќе ги пребара најблиските станици за полнење, ќе ги прикаже цените, работното време, информација за слободните места и типот на полначот. Одбраната станица за полнење автоматски ќе влезе во уредот за навигација.
Секогаш во тек
Контролирајте ги вратите и светлата во вашиот Volkswagen со помош на вашиот паметен телефон. Дозволете ни да ви покажеме каде е вашиот автомобил. Оптимизирајте го вашето возење. И проверете ги релевантните податоци за возилото од каде било. За секогаш да бидете во тек.
Вмрежени со We Connect ID. Апликацијата
Превземете ја ID. апликацијата затоа што таа е врската за се што е важно за вашиот Volkswagen ID. модел. Апликацијата го претвара вашиот паметен телефон во онлајн далечинско со кое можете да контролирате многу функции на возилото. Со тоа секогаш ќе имате преглед на вашето возило, дури и кога не го гледате.
Едноставно регистрирајте се и можете да почнете
Во видеото подолу објаснуваме како можете да го активирате We Connect Start во само неколку чекори и да ги користите нашите дигитални услуги во автомобилот и на вашиот паметен телефон.
Превземете ја We Connect ID. апликацијата бесплатно на вашиот паметен телефон. Апликацијата е достапна за Android или iOS во App Store или Google Play Store.
Логирајте се на апликацијата со вашиот Volkswagen ID. профил. Ако сеуште немате креирано профил, самата апликација ќе ве води низ процесот на регистрација чекор по чекор.
Додадете го вашиот Volkswagen кориснички профил во We Connect ID со бројот на шасијата на вашето возило (VIN број). Можете да го пронајдете вашиот број на шасија во документите за регистрација или на ветробранското стакло.
За да го завршите активирањето, следете ги упатствата прикажани во апликацијата за склучување на договорот за започнување со "We Connect Start". Со тоа вашиот секојдневен дигитален живот ќе влезе во брзата лента на интелигентни услуги.